Home / Uncategorized / Со врачувањето на наградите на тројцата оскаровци, свечено отворен “Браќа Манаки“

Со врачувањето на наградите на тројцата оскаровци, свечено отворен “Браќа Манаки“

Со врачувањето на наградите на тројцата оскаровци, Лука Бигаци, Крис Менџис и Жулиет Бинош, вечерва свечено беше отворено 35. по ред издание на интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки” во Битола.

IMG_0419 (Large)

Специјалната награда „Златна камера 300” за особен придонес во светската филмска уметност на Лука Бигаци му ја врачи градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој максимално го поддржува растежот на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” кој од година во година е се поуспешен.
-Многу сум среќен што сум овде. Бидејќи Македонија многу го сака филмот, а Битола многу ги сака кинематограферите, ве сакам сите многу, премногу ви сум благодарен- истакна пред присутните во Центарот за култура, предводникот на европската кинематографија, ЛУКА БИГАЦИ.

IMG_0356 (Large)

Наградата Златна камера 300 за животно дело на Крис Менџис му ја врачи претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Република Македонија Роберт Насков.

Менџис е ивонреден директор на фотографија и наградата му се додели за особен придонес во светската кинематографија, рече Насков.
-Голема е честа да се добие ваква награда од земја која очигледно вљубена во кинематографијата. Ја користам приликата да им оддадам почит на сите оние кои ме научија мене и сите нас толку многу- рече КРИС МЕНЏИС на свеченото отворање на 35. по ред “Браќа Манаки”.

IMG_0398 (Large)

Вечерва со нас во Битола се извонредни тројца уметници, неверојатни професионалци и пред се добри извонредни луѓе, рече на свеченото отворање, директоката на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки”, Лабина Митевска.
– Лука Бигаци е предводник на европската италијанската кинематографија. Крис Менџис кој несомнено претставува голема инспирација и голема легенда во светската филмска индустрија. ЖУЛИЕТ  БИНОШ која ја направи Македонија среќна, и сме благодарни за секоја нејзина улога, и со нетрпение ја чекаме секоја нова нејзина улога. Ви благодариме од длабочината на срцето- и се обрати Митевска на тројцата оскаровци.
Митевска на многубројната публика им порача:
-Се потрудивме да напредуваме, да бидеме добри домаќини на сите гости кои пристигнаа во Македонија и Битола. Уживајте во насмевките, уживајте во фестивалот и мечтајте за да бидете поблиску до ѕвездите- им порача на публиката директорката Лабина Митевска.

IMG_0319 (Large)
-Нашата приказна започна пред повеќе од еден век кога двајца браќа од Македонија, од Битола купија филмска камера и станаа првите филмски сниматели на Балканот- рече претседателот на Република Македонија и главен покровител на Филмскиот фестивал, Ѓорге Иванов кој воедно го прогласи фестивалот за отворен.
-Благодарение на нивната визија, ние знаеме повеќе за светот и векот во кој живееле нашите претци. Македонија 35 години е организатор на најстариот меѓународен фестивал на филмската камера која во нивна чест го носи името “Браќа Манаки”. Во изминатите 35 години, фестивалот стана дом на филмските ѕвезди од Македонија, Европа и светот. И покрај сите разлики се покажа дека ѕвездите на филмското платно, и ѕвездите на небото имаат едно нешто заедничко.

IMG_0334 (Large)

Не поттикнуваат да размислуваме за нашата приказна, за нашиот поглед на светот и нашето место во него. Филмот има моќ да ги помниме оние филмски сцени кои од нас ќе украдат насмевка и солза, кои ќе не зачудат и ќе не променат. Филмови што ќе направат да посакаме моментот да не престане. Приказната да продолжи за што подолго да бидеме дел од неа. Како покровител и претседател на Република Македонија ми е чест да бидам покровтел на фестивал кој нуди врвни филсмки остварувања. Уверен сум дека досегашните успеси ќе не мотивираат да трасираме пат кон ѕвездите, поплочен со креативност, човекољубие и убавина- со оваа мисла претседателот Ѓорге Иванов го прогласи Интернационалниот филмски фестивал, “Браќа Манаки” за отворен.

Годинашниот “Браќа Манаки“ опфаќа 76 филмови. Утревечер публиката ќе има можност премиерно да го погледне македонскиот “До балчак“ на режисерот Столе Попов.
В.М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*