Don't Miss
Home / Македонија / Собран кабаст отпад во Општина Карпош

Собран кабаст отпад во Општина Карпош

Деновиве, Ј.П ,, Комунална Хигиена’’, изврши собирање на кабаст отпад ( делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети).

Собирањето на отпадот  се вршеше во урбаните заедници ,, Владо Тасевски’’ , ,, Тафталиџе 1 ‘’ ,  ,, Тафталиџе 2 ‘’ , ‘’Влае 2 ,, , ,,Кузман Јосифовски – Питу ‘’ , ,, Пецо Божиновски – Кочо’’ и ,, Нерези’’, кои се дел од територијата на Општина Карпош.

Акцијата  продолжува,  при што, кабастиот  отпад, ќе се собира во урбаните заедници од Карпош 1 до Карпош 4, како и во ,, Влае 1 ‘’ и ,, Злокуќани’’.

Времето кое е предвидено да бидат изнесени кабастите отпади од домовите на граѓаните ќе биде од 07:00 до 11:00 часот.

Кабастиот отпад ќе се собира на прометните улици во наведените урбани заедници, односно на предвиденото место , каде што ќе поминува возилото на Јавното претпријатие ,, Комунална Хигиена’’.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*