Home / Uncategorized / Сообраќајка со мерцедесот на Орце Камчев

Сообраќајка со мерцедесот на Орце Камчев

Едно лице е повредено во сообраќајката што вчера се случи во Дебар Маало. Во сообраќајката учествувале три автомобили, пежо, рено меган и мерцедес чија предна регистрација беше покриена, најверојатно од членовите на полициската единица „Алфи“, кои таму ги имаше во голем број. Од полициски извори дознаваме дека мерцедесот е сопственост на бизнисменот Орце Камчев.

Според МВР, сообраќајката се случила околу 19 часот, на раскрсницата на улиците „Орце Николов“ и „Аминта III“.

Во несреќата учествувале автомобил пежо управуван од Е.Х. (24), автомобил рено меган управуван од И.Ѓ. (42) и мерцедес управуван од А.А. (40), сите со скопски регистарски ознаки.

Од ударот добил повреди возачот на пежото, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болница.

По давањето лекарска помош Е.Х. е пуштен на домашно лекување.

На местото на сообраќајката извршен е увид, а причините дополнително ќе се утврдуваат, но останува прашањето зошто на местото на приватна сообраќајка беа присутни толку голем број „алфи“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*