Don't Miss
Home / Uncategorized / Сообракајката го одложи судењето на “ Транспортер’

Сообракајката го одложи судењето на “ Транспортер’

Судскиот процес  “ Транспортер “ кој денес почна во Основниот суд Скопје 1 е одложен за 6 ноември. До одложување на судењето дојде бидејки една од обвинетите Јасмина Миќик Десановска имала сообракајна несреќа.

По одложувањето на судењето обвинетиот Талески изјави

-Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по денешното прво рочиште за случајот на СЈО, „Транспортер“, кое беше одложено бидејќи во судницата не беа присутни сите обвинети.

Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина Микиќ-Десановска имала сообраќајна несреќа на пат кон Скопје и не можела да дојде во Судот.

Сите други 20 обвинети и нивните адвокати беа во судницата. На рочиштето судијката Лидија Петровска кажа дека дел од адвокатите, меѓу кои и одбраната на Талески, доставиле дополнителни листи на докази кои дел се, а дел треба да бидат внесени во доказниот материјал за судењето.

Обвинението за „Транспортер“ го застапуваат обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Стевчо Донев. Следното рочиште Петровска го закажа за 6 ноември.

Талески по завршувањето на рочиштето, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека уште стои на ставот дека станува збор за политички мотивиран случај, а во врска со цените на превозот на ученици, тој рече дека во изминатите години, Општина Битола имала поевтин превоз од ученици од Струмица и од Куманово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*