Home / Вести / Сопственикот на “ УРбан инвест“ рекетиран од Миле Јанкиески и Кирил Божиновски да “донира “ 15.000 евра

Сопственикот на “ УРбан инвест“ рекетиран од Миле Јанкиески и Кирил Божиновски да “донира “ 15.000 евра

Сопственикот на кавадаречката компанија „Урбан инвест“, Јован Грков, во своето денешно сведочење во случајот „Талир“ изјави дека лично од обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски пред избори добил наредба да даде 15 илјади евра.

Сведокот Грков при својот исказ пред Судот уште потврди дека добивал тендери за градежни активности од Град Скопје и од други општини.

На прашање на обвинителката Ленче Ристоска дали некој од ВМРО-ДПМНЕ барал пари од него, односно од фирмата, приговараа адвокатите на сите обвинети дека прашањето е наведувачко, па прашањето беше преформулирано.

– Некаде пред изборите добив СМС порака од Марјан, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар. Ми пиша дека треба да отидам во Владата. Во посоченото време отидов, ми кажаа пред која канцеларија да отидам. Почекав, ме викнаа Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Состанокот траеше кратко, ми рекоа имам обврска да дадам 15.000 евра. Ми рекоа на лицето Марјан да му ги предадам. Не ми кажаа зошто треба да ги дадам парите. По неколку дена му ги дадов тие 15.000 евра на Марјан. Му ги дадов на рака. Потврда, документ не добив од Марјан за парите што ги дадов – одговараше сведокот на прашања на Ристоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*