Don't Miss
Home / Вести / Советниците на СДСМ се жалат дека се прислушкувани

Советниците на СДСМ се жалат дека се прислушкувани

               

Советници од СДСМ Битола се сомневаат во упад во службените компјутери од страна на ВМРО – ДПМНЕ.

Ова денеска на прес конференција го соопштија советниците на советничката група на СДСМ, Битола.

        -Локалната власт во Битола предводена од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот го сруши интегритетот на Советот на Општина Битола. Постојат индиции за основано сомнение за извршен упад во службените компјутери на неколку советници од СДСМ и коалицијата! Погазена е приватноста на советниците, загрозена е нивната работа како народни избраници и уништена е назависноста на Советот на општината како институција!Советничката група на СДСМ и коалицијата поднесува пријава во Основното јавно обвинителство и во Министерството за внатрешни работи против Н.Н. лица поради постоење индиции за основано сомнение за извршен упад во службени компјутери кои советниците ги добија од општината! Очекуваме за многу брзо да се откријат сите детали од оваа афера која потврдува дека кај ВМРО – ДПМНЕ ништо не се променило. Оваа партија кога и да е на власт ги користи методите на работа од времето на Никола Груевски. Шпионирање, прислушување, шиканирање на политичкиот противник било и очигледно сеуште е начинот на кој работи ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат советниците на СДСМ, Битола.

Во врска со ваквите обвинувања реагираа од Општината Битола.

        -Во врска со информацијата која беше изнесена на денешната прес конференција на советникот од СДСМ, Методија Илиевски, ја информираме јавноста дека Општина Битола е запозната со настанатиот проблем, кога првпат се појави слика на профил од други советници, кај претседателката на советот, при што истата веднаш реагираше и проблемот беше надминат.За ваквата ситуација на која укажаа претседателката и дел од советниците, известена е компанијата од која се набавени компјутерите по пат на јавна набавка.Неофицијално од компанијата која ги достави преносните компјутери, а истите директно, неотпакувани, беа дадени на реверс на користење на советниците, известуваат дека забуната најверојатно настанала бидејќи при инсталација на системите, компанијата користела едно корисничко име, очекувајќи дека секој нов корисник ќе креира свое ново корисничко име при што настанало преклопување на податоците за најава.

Официјалниот писмен одговор од компанијата, до општина Битола, се очекува да биде доставен до крајот на оваа недела.

Компјутерите на советниците функционираат засебно и не се дел од мрежната инфраструктура на Општина Битола.

Општина Битола, согласно досегашното искуство смета дека нема никаков случај на злоупотреба.

Имајќи го предвид наведеното, градоначалникот, заменик градоначалникот и претседателот на Совет, ќе соработуваат со надлежните институции и од нивна страна ќе бидат преземени сите потребни чекори за целосно разјаснување на ситуацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*