Home / Вести / Советот на Битола се откажа од “он лајн“ седници

Советот на Битола се откажа од “он лајн“ седници

                  

          Советот на  општината Битола, по речиси 5 месеци,  се откажа од одржување седници “он лајн“, преку  Зум апликацијата и одлучи  седниците да ги држи во живо, со почитување на сите здравствени протоколи, носење маски, седење  на дистанца и дезинфекција на рацете.

          На денешната прва таква седница на дневен ред се најдоа завршните сметки и извештаите на јавните комунални претпријатија, како и претпријатијата чиј основач е Општината Битола.

          На денешната седница  беше верифициран мандатот на  новиот член на Советот од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Јошевска, кој дојде на  местото на  Олга Лозановска, која  во меѓувреме стана пратеничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*