Home / Македонија / Спектакуларен пречек на европските ракометни шампиони

Спектакуларен пречек на европските ракометни шампиони

Спектакуларен пречек на европските ракометни шампиони.

Ракометарите на Вардар  пристигнаа  на плоштадот „Македонија“ каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула.

Европските шампиони беа пречекани на аеродромот „Александар Велики“ од голем број навивачи меѓу кои беа градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

По првичните честитки, новиот ракометен европски шампион, Вардар веќе е на  плоштадот „Македонија“ каде е организирана голема прослава по повод големиот успех.

Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа континентален првак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*