.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Средба Груевски – Хан

Средба Груевски – Хан

Попладнево дојде до средба помегу лидерот на ВМО ДПМНЕ Никола Груевски и Јоханес Хан.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе цени дека се од интерес за граѓаните. Тој посочил дека главна цел на Владата на СДСМ не треба да биде само добивање на позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на Европската Унија и НАТО, што и впрочем и го заслужи, нешто што беше констатирано на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та година, како и во 2009-та година од страна на ЕУ. Доколку тогаш државата станеше членка на НАТО и отпочнеше разговори со Европската Унија многу од предизвиците со кои се соочи, немаше да се случат, додаде Груевски.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле истакнати и неколку загрижувачки тенденции кои негативно се одразуваат на актуелните состојби градејќи негативна клима во државата и лошо одразувајќи се на демократскиот капацитет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*