.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Избори 2021 / Средба на Христо Кондовски со претставниците на фудбалските школи

Средба на Христо Кондовски со претставниците на фудбалските школи

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски, попладнево се сретна со претставници на фудбалските школи  ЛГ Битола, Талент, Атлетико, Топ гол и Рис.
” Младите битолски таленти заслужуваат можности за развој како и своите врсници во развиените земји. Не смееме да им ја одземе шансата да израснат во врвни спортисти кои гордо ќе не претставуваат на спортските терени. Ќе вложам максимални напори и ќе ги подобриме услови за тренинг на сите спортски клубови. Тоа им го ветувам на сите спортски клубови во Битола кои придонесуваат за здрави млади и светла иднина на градот и државата”, порача Кондовски на средбата.
Во изборната програма на Кондовски предвидени се голем број проекти за подобрување на условите за работа на спортистите, спортските работници и клобовите. Едно од ветувањата што Кондовски неодамна го промовираше е отстапување на 10 отсто од акциите на ФК Пелистер на најверните навивачи на клубот, здружени во навивачката група Чкембари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*