Home / Вести / Средба Захариева – Бучковски во Софија

Средба Захариева – Бучковски во Софија

Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Македонија Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, пренесува БГНЕС повикувајќи се на информации од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се вели во информацијата којашто ја објави БГНЕС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*