Home / Uncategorized / Српска фирма заинтересирана за купување златото на Соња Николовска?!

Српска фирма заинтересирана за купување златото на Соња Николовска?!

По двата неуспешни обиди да се продаде златото и златниот накит на сопственичката на ТАТ, Соња Николовска, по се изгледа дека третиот обид ќе биде успешен.
Имено, според информации на порталот на Битолски весник за златото на Соња Николовска, кое деновиве беше понудено на продажба интерес покажала една српска компанија.
Дали таа српска фирма ќе ја има (не)среќата да се закити со златниот накит на Соња, останува да се види на 17 септември, кога е закажана јавната аукција за продажба на златото во Основниот суд во Битола.
Инаку, златото и златниот накит на Соња Николовска, кое по пресудата на Врховниот суд стана сопственост на штедачите на ТАТ се состои од 798 поединечни златни предмети, ќе се продава во пакет, со почетна цена од 8.088.240.00 денари, која е утврда од страна на вешти лица за проценка на вредноста на златото.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*