Home / Култура / Стартуваше “Интерфест 2017“

Стартуваше “Интерфест 2017“

Со концерт на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, започна 26-от Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.

До 12-ти октомври на фестивалот ќе настапат уметници од Србија, Италија, Хрватска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Франција и од Македонија, а еден дисперзиран фестивалски концерт ќе се одржи и во Велес, истакна Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“.

Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и солистот Костадин Богданоски, виоилинист од Македонија, изведоа дела од Барток, Сен-Санс, Бизе, со што „Интерфест“ свечено беше отворен.

Во наредните денови публиката ќе може да ги чуе младите уметници Андреј Шаклев од Македонија и Алеберто Оливо од Италија, трио Фридрих, Алесиа Мартеџиани и Маурицио ди Фулвио, исто така од Италија, како и Олександр Самојленко виолинист од Украина кој ќе настапи заедно со Туту Ајдиноглу, пијано од Турција.

Годинава на фестивалот во Битола ќе се одржи концерт на победниците од 7-от Интерфест пијано натпревар.

Во рамките на „Интерфест“ целовечерни музички рецитали ќе приредат Роберт Андрес од Португалија и Дино Имери од Македонија, а на 11 Октомври во Битолскиот Музеј ќе се одржи концерт на шпанска класична музика со Хоакин Паломарес, виолинист и Алберт Хименез, пијанист од Шпанија. Интернационалниот фестивал на класични музика „Интерфест Битола 2017“ завршува на 12-ти октомври со музички рецитал и Бетовенова вечер во изведба на Пјер Лоран Бушарла, пијанист од Франција.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!