.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Стопанска банка а.д. Битола ќе исплаќа пензија на 30 ноември

Стопанска банка а.д. Битола ќе исплаќа пензија на 30 ноември

Стопанска банка а.д. Битола, во рамките на одбележувањето  на јубилејот – 70 години постоење, овој месец  на пензионерите кои пензијата ја примаат преку Банката
ќе им  овозможи да ја добијат  порано – на 30 ноември.

Банката го прославува јубилејот со низа активности со кои ја изразува својата благодарност за довербата која ја добива од своите клиенти цели седум децении. Покрај грижата и вниманието за својата највозрасна група на клиенти, во дел од своите активности ги вклучува и најмладите. Во таа насока Стопанска банка а.д. Битола додели годишни стипендии на тројца ученици од Државното музичко училиште во Битола, кои се истакнуваат со својот особен талент.

Стопанска банка а.д. Битола, како и во изминати 70 години, го задржува императивот на своето работење – задоволување на интересите на своите клиенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*