Home / Вести / “ Стрежево“ ја почна сезоната за наводнување

“ Стрежево“ ја почна сезоната за наводнување


Со зголемувањето на температурите во изминатата седмица и зголемувањето на потребите за вода од страна на земјоделците се одпочна со наводнување на земјоделските култури во Пелагонија.
Главниот канал и главните цевководи се спремни за наводнување. Акумулацијата во подрачјето на дејствување е подготвена за навремено и квалитетно наводнување на земјоделските површини и се очекува успешна наводнителна сезона.  Хидросистемот во моментот е со нормални количини вода односно ќе се обезбеди доволно вода за реализација на планот за наводнување за оваа година.
Пријавување за склучување на договори за испорачување на вода на заинтересираните земјоделци за предвидените земјоделски површини ќе започне од 20.05.2020 година во наплатниот центар во рамките на управната зграда на претпријатието и ќе трае до 01.07.2020 година (во временскиот период од 07-18 часот, секој работен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*