Home / Uncategorized / Студентите ќе следат он лајн настава

Студентите ќе следат он лајн настава

Битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола предавањата за студентите ќе ги организира онлајн со цел да се заштити здравјето на студентите и вработените. Од УКЛО-Битола информираат дека ректорскиот колегиум одлучи да продолжат сите активности поврзани со наставата по електронски пат.

Според утврдените заклучоци, студентите ќе продолжат со настава преку он-лине предавања, во согласност со распоредот за настава, со користење на платформите преку укло.еду.мк доменот, одржување настава врз принципот далечинско учење и електронска комуникација и други е-мерки кои се однесуваат подеднакво на сите студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

Од УКЛО информираат дека се во постојана комуникација со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и со партнерските странски универзитети во рамките на Ерзмус + програмата.

Активностите на УКЛО во однос на работењето на Ректорската управа и Сенатот ќе се одвиваат редовно, преку е-седници и постојана електронска комуникација со професорите и студентите, се нагласува во соопштението од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ -Битола. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*