Don't Miss
Home / Uncategorized / Судскиот процес Талески-Ковачевски одложен за 19 ноември

Судскиот процес Талески-Ковачевски одложен за 19 ноември

Судскиот процес во кој градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески го тужи лидерот на СДСМ Битола, Васко Ковачевски и “Утрински весник“  денеска не се одржа и е одложен за 19 ноември.
Причината за одложувањето на судењето е затоа што на судењето не се појави судијката која го води овој предмет.
Инаку да потсетиме, во овој судкси процес градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески ги тужи лидерот на СДСМ Битола и актуелен пратеник, Васко Ковачевски, дописничката на “Утрински весник“  од Битола, Анета Блажевска, уредничката Соња Крамарска, како и редакцијата на “Утрински весник“.
Сите нив градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески ги терети за кривично дело клевета и навреда, во врска со изјавите на Ковачевски и објавениот текст во “Утрински весник“  дека наводно Талески имал во своја сопственост дури 5 стана, од кои 2 на улица “Бонде Скерлевски”, што тој енергично го демантираше.
Во тужбата поднесена против сите нив Талески побарува вкупно 44 илјади евра. Од нив 15.000 евра побарува од локалниот лидер на СДСМ, Васко Ковачевски, 15.000 од Соња Крамарска, 10.000 евра од сопственикот на “Утрински весник“  и 2.000 евра од дописничката од Битола на “Утрински весник“, Анета Блажевска.
Инаку на денешното рочиште не се појави градоначалникот Талески, туку беа присутни неговите двајца адвокати од Скопје, кои тој ги има ангажирано во овој судски спор.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*