Home / Вести / Сведок го обвини Боки дека ја измамил за 250.000 евра

Сведок го обвини Боки дека ја измамил за 250.000 евра

Јованка Стојановска-Кухар кажа дека му дала околу 250 илјади евра на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во нејзиното сведочење на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, додавајќи дека ја собрала наведената сума планирана за инвестиција со продажба на три стана.

Стојановска-Кухар тврди дека за возврат од Јовановски добила понуда да работи во„Меѓународен сојуз“, а се осврна и на свечен настан во Музејот на современа уметност, за кој немала сомнеж дека станува збор за измама.

– Јас и Агапи Дика бевме измамени, изманипулирани и повикани само кога треба да се потпише нешто. Се потпишаа работи за кои не знаевме. Разбрав дека сум била проект-менаџер кога новинарите почна да објавуваат документи – рече Стојановска-Кухар, додавајќи дека најголемото разочарување го имала кога Јовановски бил притворен.

Судот даде пауза со цел смирување на ситуацијата по исказот на Стојановска – Кухар, во кој така кажа дека сопругот на обвинетата Кристина Блажевска ја контактирал во време на судењето за случајот „Рекет“.

Блажевска реагираше на ваквата изјава, обвинувајќи ја Стојановска – Кухар дека сведочи под притисок, додека Јовановски рече дека сведокот лаже. Препукувањата меѓу обвинетите и обвинителката потоа продолжија и во ходникот, откако беше дадена пауза.

За случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ основана од Јовановски, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени, за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*