Don't Miss
Home / Политика / Тачи потврди дека разговара за влез на ДПА во Владата

Тачи потврди дека разговара за влез на ДПА во Владата

Лидерот на ДПА Мендух Тачи потврди дека се водат разговори со премиерот Никола Груевски за можноста ДПА да учествува во владата.

Тачи нагласи дека во разговорите засега не станало збор за дефинирање на министерски или директорски места во државните институции кои би ги добила неговата партија.

 На прашањето за тоа како ги коментара снимките што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев, на кои се слуша како „тој му изразува верност” на шефот на УБК Сашо Мијалков, Тачи рече дека се докажа на интернет дека снимките на Заев имаат и продолженија, што зборува во прилог на тврдењата дека станува збор за монтирани содржини на телефонски разговори.

Тачи изјавата ја даде во Струга каде присуствуваше на отворање на општински штаб на ДПА.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*