Home / Култура / “Така прават сите“ на Моцарт го отвора 23-ти издание на “Интерфест 2014“

“Така прават сите“ на Моцарт го отвора 23-ти издание на “Интерфест 2014“

Организаторот на интернационалниот фестивал за сериозна музика “ Интерфест 2014 “ ја објавија програмата за годинашниот фестивал, кој ќе се одржи од 2 до 12 октомври оваа година  во Битола.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 2 октомври со почеток во 20 часот, во Народниот театар, со комичната опера во два чина на Моцарт “Така прават сите“.
Претставата е во режија на Цветан Стојановски, а диригент ќе биде Саша Николовски – Ѓумар.

Ќе настапат солисти и оркестарот на Македонската опера и балет.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*