Home / Uncategorized / Талески го одврза ќесето за сместување на гостите на “Браќа Манаки“!?

Талески го одврза ќесето за сместување на гостите на “Браќа Манаки“!?

Талески како што го почна така и го завршува мандатот, во стилот топло-ладно.

Наспроти минатите години кога за фестивалот извдојуваше дури и до 6 милиони денари, годинава според зборовите на директорот на фестивалот “Браќа Манаки “ Благоја Куновски – Доре одлучи да издвои за сместување на гостите само 250.000 денари.

Но според извори на порталот на Битолски весник, откако деновиве некои од  битолските хотели одбиле да ги примат гостите, на сметка на Општината,  и побарале органзиаторот да ги  сноси сите трошоци, тој со писмо ги известил некои од хотелите дека Општината Битола ќе ги сноси трошоците за сместување на сите гости, кои ќе дојдат на фестивалот.

-Точно е тоа. Кога слушнавме дека Општината за сместување ќе плати само 250.000 денари ние ја известивме општината дека нема да ги примиме гостите кои имаа резервации во нашиот хотел. Денеска добивме писмо потпишано од Талески дека тој ке признаел трошоци за сместување до 1.200.000 денари, ни изјавија нашите извори.

Нашиот извор не сакаше да ни открие зошто Талески се предомислил,  но според него очигледно врз него бил извршен притисок од повисоко нов, па одлучил да го одврзе кесето.

Така Талески придолжува да ја води Општината Битола, во стилот топло-ладно.

Што е тоа што се смени па Талески наместо 250.000 денари колку што одлучил да издвои сега се предомисли и реши да го одврзи кесето и врз која одлука, останува тој да објасни,

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*