Home / Uncategorized / Талески на суд за Офицерскиот дом

Талески на суд за Офицерскиот дом

Екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, против кого се водат неколку судски процеси, денеска во Основниот суд во Битола одговараше за обвинението кое му се товари дека кога ја извршувал фунцијата градоначалник не го заштитил Офицерскиот дом.

На денешното рочиште беа распрашани  сведоците на Обвинителството екс директорот на ЈП “Комуналец”, Зоран Соклевски и екс директорот на Заводот и Музеј Битола, Зоран Алтипармаков.

Талески на судењето го негираше обвинението и ја повтори својата веќе позната “ одбрана “ дека не само по овој предмет, туку и во сите други, се води вистинска политичка хајка од страна на СДСМ против него, но дека тој ке докажел дека не бил виновен.

Судењето е одложено за 28 мај, кога ќе бидат сослушани сведоците на одбраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*