Home / Култура / Талески за Нова година трошел по 50.000 евра

Талески за Нова година трошел по 50.000 евра

На денешната седница на Советот излегоа на виделина нови пикантерии за владеењето на екс градоначалникот на Битола,Владимир Талески.  Имено локалниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Борче Димитровски  денеска, барајки средствата наменети за дочекот на Нова година да се пренаменат за решавање на пропблемот со загадувањето на воздухот изјави дека вообичаено Талески за дочекот на Нова гоидна на Магнолија трошел по 50.000 евра.

Иако во изминатите 12 години новинарите постојано бараа одговор на прашањето колку Талески троши за дочекот на Нова година, тој секогаш го одбегнуваше таквиот одговор.

Денеска одговорот го даде Борче Димитровски од ВМРО ДПМНЕ, кој истакна дека Талески вообичаено трошел по 50.000 евра.

Кога станува збор за трошењето на парите на граганите на Битола за културни манифестации тоа е една голема мистерија.

Многумина сметаат дека големите издвојувања  за културата практично биле начин Талески да ги награди некои свои блиски пријатели и поддржувачи.

Некои сметаат дека токму издвојувањата за културата било начин за перење пари.

Додека некои битолски културни работници настапува за смешни и симболичн суми на пари други добиваа илјадници евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!