.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Татовци ќе добијат еден отсто обештетување

Татовци ќе добијат еден отсто обештетување

Радосна вест за штедачите на ТАТ. Доколку во наредната недела се продаде златото и златниот накит на Соња Николовска, штедачите на ТАТ ќе добијат обештетување во висина од еден отсто.
За таа намена, според пресметката на стечајниот управник Душко Јанкуловски треба да се исплатат над 15 милиони денари.
Инаку, по двата неуспешни обиди да се продаде златото и златниот накит на сопственичката на ТАТ, Соња Николовска, по се изгледа дека третиот обид ќе биде успешен.
Имено, според информации на порталот на Битолски весник за златото на Соња Николовска, кое деновиве беше понудено на продажба интерес покажале две фирми.
Дали една од нив ќе ја има (не)среќата да се закити со златниот накит на Соња, останува да се види на 17 септември, кога е закажана јавната аукција за продажба на златото во Основниот суд во Битола.
Инаку златото и златниот накит на Соња Николовска, кое по пресудата на Врховниот суд стана сопственост на штедачите на ТАТ се состои од 798 поединечни златни предмети, ќе се продава во пакет, со почетна цена од 8.088.240.00 денари, која е утврда од страна на вешти лица за проценка на вредноста на златото.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*