Home / Вести / Тедрос: Време е да ја нападнеме пандемијата

Тедрос: Време е да ја нападнеме пандемијата

Додека беа потребни 67 дена од првиот пријавен случај до првите 100.000 случаи на Ковид-19, за само 11 дена се достигнаа вторите стотина илјади случаи, а потоа за само 4 дена за уште 100 000 , објасни првиот човек на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебриезус.

„Но, ние не сме заробеници на статистиката. Ние не сме беспомошни набљудувачи. Можеме да ја промениме траекторијата на пандемијата“, рече Тедрос на интернет брифингот со повеќе од 300 новинари.

Тој повика на глобална заложба за промена на траекторијата на пандемијата и ги повика државите да усвојат мерки за напад и одбрана во исто време.

„Барањето луѓето да останат дома и да спроведат други мерки на социјална оддалеченост е важен начин за забавување на ширењето на вирусот и купување време. Овие се одбранбени мерки“, рече тој.

„За да победиме, ние мора да го нападнеме вирусот со агресивни и насочени тактики – да го тестираме секој сомнителен случај, да го изолираме, да се грижиме за секој потврден случај и да го најдеме и изолираме секој близок контакт“, објасни тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*