Don't Miss
Home / Uncategorized / Тенденциозни измислици и шпекулации на ВМРО ДПМНЕ

Тенденциозни измислици и шпекулации на ВМРО ДПМНЕ

 

Во врска со денешната прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ, од РЕК Битола до нашата редакција стигна демнат кој го објавуваме во целост.

РЕК Битола ги демантира наводите изнесени на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ и изразува жалење што најголемата опозициска партија освен пишувањата на медиумите на кои се повикува, не ги зеде во предвид и наводите од Демантот кој Комбинатот го испрати до истите тие медиуми.

Наместо да ги читаат пишувањата во медиумите, ВМРО – ДПМНЕ треба да ги читаат законите во Република Македонија. Во конкретниот случај, Законот за јавни набавки, според кој беше спроведена споменатата постапка за избор на фирма за ангажирање на рударска механизација. Комисијата за јавни набавки во Подружница РЕК Битола при изборот на фирмата СВ Инвест за изведувач на работите се водеше исклучиво од законските прописи.

Што се однесува до работата на РЕК Битола, како што извести Комбинатот и минатата недела, се работи за планирано исклучување на Блок 3 поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот. Во меѓувреме РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 1 и Блок 2, според планот и според потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*