Home / Вести / Тешка сообраќајка на патот Битола – Новаци

Тешка сообраќајка на патот Битола – Новаци

                                

            Денеска рано изутрина на патот Битола- Новаци, кај селото Логоварди дојде до тешка сообраќајна несреќа,во која според неофицијални информации почина едно лице.

            До несреќата дошло кај самата расксрница кај селото Логоварди кога дошло до директен судир на две патнички возила, од кое едното е марка голф.

            По судирот едното од возилата падна во ендекот покрај патот.

             Битолската полиција го обезбедува местото на несреќата и го пренасочува сообраќајот по околните уилици на селото  Логоварди.

            Иако засега нема официјани информации еден од учесниците во несреќата од повредите почина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*