Home / Вести / Тони Коњановски на прес конференција ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска да почне да работи

Тони Коњановски на прес конференција ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска да почне да работи

        Недоразбирањата меѓу градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска продолжуваат.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, попладнево на прес конференција и со писмена иницијатива, ја повика претседателката на Советот, Габриела Илиевска, да почне со работа во интерес на граѓаните кои и ја дале довербата, а со тоа да запрат кочниците и блокадите на општината.

        Во писмената изјава упатена до битолската јавност градоначакникот Коњановски меѓу другото истакна.

Почитувани  граѓани,

-Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината. За жал, како никогаш досега, имаме ситуација во која, претседателката на Советот, во континуитет, веќе 2 месеци, личните желби и интереси, ги става над потребите на граѓаните. Искажувајќи некакво незадоволство од локалната самоуправа, останува на функцијата за која е платена со пари на битолчани и се обидува да докаже некаква своја правда, дури и кога не само јас како градоначалник, советниците и општинските служби, туку и повисоките државни институции и укажуваат дека постапува погрешно.

Покрај донесеното решение од Државниот инспектор за локална самоуправа, претседателката одбива да постапи по истото и да ги стави на дневен ред точките  за Програмата за работа на ТППЕ Битола,програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови, што е директно поврзано и со потребите на бизнис секторот од Битола, како и  измените  н а Програмата за развојни планови, со што ќе се овозможи уредување на просторот кај поранешен ЈАТ.

Блокадите и кочниците всушност  покажуваат дека да се работи ПОИНАКУ, значи да се покажува самоволие, ароганција и фрустрации и сето тоа на штета на сите нас,Битола и битолчани. Ваквата ситуација мора да се промени. Затоа, до претседателката на Советот испратив иницијатива за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на наведените точки на дневен ред, меѓу кои е и точката за донесување на одлука за утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња на јавни површини.

Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните.

Проектите ќе продолжат, а Битола ќе напредува. Очекувам ова да биде желба и начин на делување и на претседателката на Советот, зошто на тоа јавно се обврзала.   -Моја должност, но и обврска на сите нас кои сме ја добиле довербата од вас, е да работиме, да се фокусираме на проекти и одлуки, со кои Битола ќе напредува, со кои ќе се реализираат активности и ќе се подобруваат условите во општината.

Општина Битола, мора да продолжи да функционира, а секој кој не е подготвен за одредена функција, треба да најде начин тоа да им го образложи на граѓаните,  истакна во своето јавно обраќање до битолската јавност градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

И покрај сите настојувања да добиеме  одговор од претседателката  на Советот, Габриела Илиевска за обвинувањата од страна на Тони Коњановски не успеавме да ја добиеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*