Home / Uncategorized / Тоска осуден на 18 години затвор

Тоска осуден на 18 години затвор

Основниот суд во Прилеп го осуди на 18 години затворска казна битолскиот полицаец Енвер Тоска, за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир.

25-годишниот Тоска вчера на првото рочиште од судскиот процес против него, го призна делото и изрази жалење до семејството на жртвата.

Тој е осуден дека на 14 септември минатата година го убил Бекир и го запалил неговото тело за да ги скрие доказите. Ова е едно од најтешките и најсвирепо извршени кривични дела, убиство од член 123, став 2. Казната за ова кривично дело е од 10 години до доживотен затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*