Home / Uncategorized / Трајко Огненовски добитник на наградата на Битола за животно дело

Трајко Огненовски добитник на наградата на Битола за животно дело

Скромно и без голема гламурозност и одржување на скапи музичко – театарски перфоманси, како што практикуваше во изминатите години поранешнотото општинско раководство, предводенод од градоначалникот Владимир Талески,  со одржување на неколку традиционални манифестации, свечена академија  на Советот како и врачување на четвртоноемврските признанија, Битола го  одбележа  4 Номеври, Денот на ослободувањето, денот кога борците на Седмата македонска ударна бригада  во 1944 година влегоа во  Битола, ослободувајки ја од гереманскиот непријател.

Во своето обраќање до присутните градоначалничката Наташа Петровска порача дека дека Битола е град на кој треба да му се врати конзулскиот сјај, а космополитизмот да доживее вистинска ренесанса.

Таа нагласи дека ќе се  заложи Битола да биде дом за сите и да запре трендот на иселување на младите од Битола.

-Нам ни требаат повеќе уредени улици, средени паркови, повеке градинки, поубави училишта, модерни пазари, разиграна чаршија, ведар Широк Сокак. Во иднина ги гледам спортските терени и разиграноста во нив. Неуморно, со верба, љубов и подадена рака кон нови достигнувања, нашите бисери Пелистер, Хераклеја, нашата местоположба Пелагониското поле, архитектурата, нашата раскошна историја, покажуваат на огромни можности за многу бројни насмевки на туристи, истакна Петровска.

Инаку добитници на највисокото општинско признание , наградата 4 Ноември за  оваа година се  Васо Радивојевик, лекар во битолската Клиничка болница,  Драган Најденовски ликовен уметник,  хуманитарката Менка Николовска,  а наградата за животно дело му беше врачена на професорот во пензија Трајко Огненовски.

Годинашната прослава на 4 Ноември се одржа  поскромно од било кога досега, а средствата кои од страна на претходното раководство беа предвидени за свечениот коктел  беа донирани за Центарот за децата со аутизам.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*