Home / Вести / Три и пол милиони денари за колекторскиот систем на Пелистер

Три и пол милиони денари за колекторскиот систем на Пелистер

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе издвои 3,5 милиони денари, за продолжување изграбата на  колекторскиот систем на Пелистер.

Ова беше договорено на средбата на градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска  со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

На средбата беше посочено дека во изминатиот период  е видлива зголемената взаемна соработка на министерството и Општина Битола, особено во искористувањето на средствата за заштита на околината кои ги доделува Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од големо значење е што продолжува реализацијата на еден особено значен проект за жителите на општината, кој воедно претставува и решение на еден горлив проблем за животната средина со децении наназад, а тоа е изградбата на колекторскиот систем на Пелистер.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалничката Наташа Петровска се согласија дека има потреба од зголемен заеднички настап на сите чинители на локалната и централната власт пред меѓународните инвестициски фондови, се со цел што е можно повеке да се искористат средства за подобрување на квалитетот на животната средина во Општина Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!