Home / Uncategorized / Тројца повредени се борат за живот

Тројца повредени се борат за живот

МВР ја корегира претходно дадената информација дека автобусот кој излета на автопатот кај Велес бил со грчки регистарски ознаки. Од МВР посочуваат дека станува збор за македонски автобус.

Автобусот е на „Бус Травел“ ангажиран од „Савана турс“. Автобусот враќал македонски туристи од одмор во Грција.

Според последните информации најмалку 27 лица се повредени, од кои двајца потешко во несреќата во која автобус излета од патот на во близина на Велес.

Повеќе екипи на Брза помош ги извлекуваа повредените и ги пренесуваа во најблиските болници.

На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ се примени шестмина.

Во Ургентниот центар се примени околу 10-тина повредени од кои еден пациент се наоѓа во шок соба во потешка општа состојба со повреди на екстремитетите и телото.

Во Болницата во Велес, пак, се примени девет лица, од кои четворица со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тројца се пренесени на Скопските клиники.

Сообраќајката се случила вечерва околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, кога автобусот изгубил контрола и излетал од коловозот.

АМСМ  соопшти дека  поради сообраќајната незгода сообраќајот на автопатот се одвива отежнато по една коловозна лента.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*