Don't Miss
Home / Спорт / “Цермат “ го купува ФК Пелистер?!

“Цермат “ го купува ФК Пелистер?!

Кога се мислеше дека сигурен купец на фудбалскиот клуб Пелистер ќе биде фирмата ЗК Пелагонија, по  се изгледа дека нов сопственик наФК  Пелистер ќе биде фирмата “ Цермат”, за која се шпекулира(ше) пред дербито со Вардар дека купила над 51 отсто од акциите.
Иако засега оваа информација нема официјална потврда сепак како што дознава порталот на Битолски весник во текот на вчерашниот ден паднал договор фирмата “ Цермат “ да ги купи сите акции на клубот и тој да биде 100 проценти сопственик.
Но дали ваквата информација е точна или не ,никој не сака да потврди, или демантира.
Воедно во спортската јавност во Битола се шпекулира дека вчера наводно паднал договор “ Цермат” да го преземе и спонзорирањето на ракометниот клуб Пелистер.
Колку има вистина во ваквите информации засега тешко е да се каже.
Да потсетиме фирмата “ Цермат “ пред почетокот на фудбалското првенство искажа подготвеност да купи 51 от сто од акциите на Пелистер за што оваа фирма понуди договор до Општината.
Кога нејзината понуда се најде пред советниците, во меѓувреме градоначалникот Талески побара да се симне точката од дневен ред, затоа што во меѓувреме стигнала понуда и од ЗК Пелагонија за купување на клубот.
Од тогаш се шпекулираше дека сигурен купец на ФК Пелистер ќе биде ЗК Пелагонија.
Што се случи во меѓувреме останува нејасно.
Како и да е. Купувањето на фудалскиот клуб Пелистер и судбината на РК Пелистер веќе подолго време се во центарот на вниманието на битолската спортска јавност и веќе е крајно време да се знае дефинитивно судбината на овие два реномирани спортски клубови на Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*