Home / Вести / Ципрас: Илинденска Македонија неприфатлива за Грција

Ципрас: Илинденска Македонија неприфатлива за Грција

И грчката влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“. Во соопштението на грчката влада се вели дека се поздравува тоа што македонската страна прифатила дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби, пренесоа Ефимерида и другите грчки медиуми.

„Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц“, се вели во соопштението на грчката влада.

Денеска грчкиот премиер ги информираше лидерите и со шефот на грчката држава, кој го отфрли предлогот затоа што, наводно, имал територијални претензии кон грчка територија. И грчката опозиција го одби овој предлог.

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека со предлогот Република Илинденска Македонија се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција.

„Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации кон ниту една соседна земја, вклучително и Грција“, рече Заев.

Заев на Твитер го повика македонскиот народ да го прифати името „Република Илинденска Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!