Home / Вести / Ципрас:Постигнавме историски договор

Ципрас:Постигнавме историски договор

Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да го извести за постигнатиот договор.

– Среќен сум бидејќи имаме договор што ги покрива сите предуслови што ги постави грчката влада, рече Ципрас и додаде дека договорот е за сложено име со географска одредница, за севкупна употреба ерга омнес што предвидува уставна ревизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!