Home / Спорт / Црно Буки ЗЛ член на Третата лигa

Црно Буки ЗЛ член на Третата лигa

Фудбалкиот клуб Црно Буки ЗЛ во сезоната која штотуку заврши постигна голем успех. Имено  екипата на Црно Буки ЗЛ со пласманот на втората позиција во лигата успеа да се избори за влез во Третата фудбалска лига.

Покрај резултатите кои ги постигна во првенството, со кои се пласира на второто место, голема заслуга за ваквиот успех има и екипата на Поешево, која ја освои шампионската титула, но поради недостиг на финансиски средства првото место и го остапи на екипата на Црно Буки ЗЛ, која на тој начин се пласираа во Третата фудбалска лига.

На тој начин, со овој успех екипата на Црно Буки ЗЛ  предизвика ерупција на воодушевување кај жителите од битолското село Црно Буки, кои од идната сезона ќе можат да следат натпревари во Третата лига.

Инаку да потсетиме минатата сезона екипата на Црно Буки ЗЛ беше шампион во Општинската Б лига. Пред три години клубот не се натпреваруваше и практично не постоеше, но откако на чело на клубот дојдоа група  млади ентузијасти  желни за успех,  клубот целосно оживеа и од сезона во сезона бележеше успеси.

Со напорна работа и невиден ентузијазам, успехот е евидентен.

Од раководството на ФК Црно Буки ЗЛ најавуваат дека клубот ке биде еден од подобро организираните клубови во Третата лига и напоменуваат дека амбициите тука не застануваат.

-Со пласманот во Третата фудбалска лига ние практично не само што ги изненадивме сите наши симпатизери, туку се изненадивме и самите себеси. Ова е голем успех за нашето село. Во оваа прилика сакам да им искажам зборови на благодарост не само на фудбалерите на екипата, туку и на сите членови на Управата кои дадоа максимум да го постигнеме овој исторски успех за нас. Но во оваа прилика сакам да му се заблагодарам и на големиот интернационалец, Тони Мицевски  кој знаеше да го почуствува нашиот голем ентузијазам и што ни го  остапи местото на Поешево наместо тие,  ние од идната сезона да се натпреваруваме во Третата фудбалска  лига, ни изјави по пласманот во Третата лига, првиот човек на Црно Буки ЗЛ,  Тодорче Кочишки, ден од најзаслужните за постигнувањето на овој голем успех.

Првиот човек на Црно Буки ЗЛ, Тодорче Кочишки, по пласманот на екипата во Третата лига најави изградба на рефелектори на стадионот, а во најскоро време треба да биде изградена и монтажна трибина за навивачите, кои од ден на ден ги има се повеќе.

Инаку да потсетиме на годинашната манифестација на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани “ редакцијата му додели посебно признание на екипатна Црно Буки ЗЛ за успесите кои ги постигнуваше во општинските лиги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*