Home / Економија / Турска компанија ќе гради фабрика за лепенки за гуми во Битола

Турска компанија ќе гради фабрика за лепенки за гуми во Битола

Турската компанија “ОХИ Груп” потврди дека ќе отвори фабрика за лепенки за гуми во Битола. Ова е потврдено на средбата на министерот за странски инвестиции Џери Наумов со претставници на “ОХИ Груп” и на уште три други компании од Турција, кои деновиве беа во посета на Македонија.
-Турција и Македонија се блиски соседи со пријателски односи. Врз основа на контактите со многу компании на кои во овој период работиме, нашите планирани патувања и конкурентна бизнис средина која Македонија ја има создадено, јас очекувам уште многу повеќе турски проекти во блиска иднина кои ќе отворат многу повеќе работни места за Македонците”, изјави министерот Наумов.
Амбасадорот на Македонија во Турција, Горан Тасковски во изјава за медиумите рече дека Македонската амбасада три години напорно работи на воспоставување силна врска меѓу бизнисмените и компаниите од Турција и Македонија преку промоција на принципите на отвореност, чесност, комуникација, доверба и искрено пријателство.
-Владата заедно со премиерот и министерот за странски инвестиции Џери Наумов успеаја во промовирање на сите позитивни услови што ги нуди Македонија за привлекување на странски инвестиции од Република Турција. Ние ќе продолжиме да ги интензивираме овие врски и во иднина”, додаде Тасковски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!