Home / Вести / Турци ќе инвестираат во Новаци

Турци ќе инвестираат во Новаци

Турски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во општина Новаци денеска остварија средба со градоначалникот Љубе Кузманоски на која се информираа за условите и начините на кои можат да ја реализираат својата бизнис идеја.

– Денеска остварив средба со турска делегација од општина Сакарија која се наоѓа на 100-тина километри од Истанбул. Станува збор за инвеститори кои членуваат во здружение на земјоделци. Имено, станува збор за претставници од една фирма кои сакаат да закупат 8-10 хектари во индустриската зона во која ќе донесат да работат уште 10-тина други фирми – вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Турски инвеститори и во минатото биле заинтересирани за инвестирање во Општина Новаци. Во неколку наврати доаѓале бизнис делегации од општина Измир кои беа заинтересирани за откуп од 500 до 1000 хектари земјоделско земјиште за изградба на плантажи за ореви, бадеми, лешници и костени. За таков вид на земјоделски култури интерес пројавуваа и италијански инвеститори.

Од општина Новаци велат дека ова се само првични контакти кои понатаму ќе се негуваат се до овозможување на услови за реализација на оваа инвестиција која ке отвори нови работни места и локален економски развој. Не е исклучена можноста и од збратимување на општина Новаци со сродна турска општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!