Home / Uncategorized / “Тврдокорните“омекнаа, бараат аболиција од Иванов

“Тврдокорните“омекнаа, бараат аболиција од Иванов

Тврдокорните денеска упатија писмо до претседателот Ѓорѓе Иванов со барање за аболиција за насилствата на 27 април во Собранието на Македонија.

„Имајќи предвид дека сите се еднакви пред Уставот и законите, бараме во согласност со законот, да извршите аболиција на сите кои се во притвор, осудени и под истрага во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава“, се наведува во нивното барање.

Ова не е прво барање за аболиција од Тврдокорните до Иванов, но тој првиот пат одговори дека новото парламентарно мнозинство ако сака може да покаже добра волја на помирување.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*