.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Убавините на Македонија низ нови 15 промотивни видеа на СИ-ЕН-ЕН

Убавините на Македонија низ нови 15 промотивни видеа на СИ-ЕН-ЕН

Една од највлијателните телевизии во светот, американската СИ-ЕН -ЕН ќе сними 15 промотивни спотови за убавините на Македонија. Мостови,тврдини,манастири,и природа со која може да се пофали Македонија ќе бидат дел од видео-лентите на телевизискиот џин СИ-ЕН-ЕН,кои на крајот ќе се претворат во 15 промотивни видеа.
-Македонија ги има сите предиспозиции да стане планетарно препознатлив бренд,вели прославениот репортер-продуцент Перси вон Липински,човек кој со своите репортажи голем број држави лансираше во врвот на туристичката пирамида. Камерите на СИ-ЕН-ЕН денеска беа во старата чаршија и на Матка,а веќе од утре почнува патешествието низ целата земја.
Наредните две недели со пејзажите,старите градби и необичните релјефи на Македонија ќе се запознае и Тимоти Марлоу. Со она што Македонија има да го понуди,ниту Холивуд нема да остане имун на неа – вели човекот кому креативноста во продуцирањето во витрините му донесе Оскар.
15-те промо-филмови на пет странски јазици ќе се прикажуваат на голем дел од најзвучните светски ТВ канали и на интернет гигантот “јутјуб“,а веќе од 2015 ќе станат дел и од еминентните планетарни туристички саеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*