Home / Uncategorized / Укинат куќниот притвор на градоначалникот Талески

Укинат куќниот притвор на градоначалникот Талески

Градоначалникот на Општина Битола  Владимир Талески излегува од куќен притвор.

Кривичниот суд во Скопје соопшти дека Апелациониот суд Скопје попладнево доставил решение со кое се уважува жалбата на Талески, кој е осомничен во предметот на Специјалното јавно обвинителство  познат во јавноста како „Транспортер“.

Со тоа се укинува мерката куќен притвор и за Талески се определува мерка на претпазливост, односно тој има обврска да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основниот суд Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*