Home / Uncategorized / Укинат притворот на Мијалков за “ Империја“

Укинат притворот на Мијалков за “ Империја“

Куќниот притвор на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за предметот „Империја“ му  е укинат. Врховниот суд на 27 март 2019 година го донел ова решение по жалбата на Мијалков.

Од Врховен инфомираат дека решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на општата седница на овој суд одржана на 30 јануари 2019 година, бидејќи мерката куќен притвор кон обвинетиот Сашо Мијалков е определена по барање на СЈО кое не е овластен тужител во оваа постапка.

-Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година- пишува во решението на судот.

На Мијалков вчера Апелација му ја уважи жалбата и му одреди мерка куќен притвор за предметот „Титаник 2“, за кој што беше осуден на три години казна затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*