Don't Miss
Home / Вести / Ул. “Широка “ вистински пример како треба да се реконструираат улиците во Битола

Ул. “Широка “ вистински пример како треба да се реконструираат улиците во Битола

           

Улицата “Широка“ во Битола е вистински пример за принципите на работа на СДСМ.

Темелно, не површно.Целосно, не парцијално.Домаќински и одговорно.

После повеќе од 30 години, вториот дел од улица “Широка“ е асфалтиран за што од Буџетот на Општина Битола беа издвоени над 700.000 денари.

Локалната самоуправа, предводена од СДСМ и градоначалничката Петровска, претходно изврши комплетна изградба и на другиот дел од улицата „Широка“ во должина од 500 метри, при што таа улица беше асфалтирана за првпат. Во овој дел беше поставено и уличното осветлување, а изградени беа и тротоари. Вкупната вредност на проектот за изградба на новиот дел од улица „Широка“ изнесуваше 3.300.000 денари.

Можеби се сеќавате, а можеби и не, дека улицата “Широка“ иако во минатото беше долго и помпезно најавувана, беше оставена како и се друго во градов до пред три и пол години – во хаос. Како овде, на Баирот, така и во сите делови од градот, урбани и рурални, СДСМ работи според план и програма за изградба или рехабилитација на патната инфраструктура. Притоа, речиси да нема улица каде зафатите не биле темелни и целосни, односно не е изградена нова водоводна и канализациона мрежа и секако потоа нов асфалт.

Ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот, изјави коорднатѕорот на советничката група на СДСМ, Методија ИЛиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*