Home / Македонија / Уметност од мали нозе

Уметност од мали нозе

Во организација на Детскиот ликовен центар, под покровителство на општина Карпош, денеска, во Кинотеката на Македонија се одржа детски ликовен хепенинг.

Дечињата од сите градинки на територијата на локалната самоуправа го артикулираа својот уметнички израз, изработувајќи ликовни творби во широкиот спектар од техники  со молив, туш, водени, акрилни и темперни бои.

Своите први ликовни експресии, малите уметници ги изложија во галеријата на Детскиот ликовен центар, под наслов „Децата и ликовната уметност”-2016.

Целта на оваа културна манифестација е да се поттикнат децата од најмала возраст, да ги развијат чувствата за естетика, имагинација и концептот за уметничко изразување.

Професорот по ликовна уметност, Харалампие Манчев им додели пофалници на дечињата-учесници на ликовниот хепенинг, а предучилишните установи добија благодарници.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*