Home / Колумни / “Употребени и злоупотребени”

“Употребени и злоупотребени”

                            

Одамна е познато дека Македонија била држава на употребени и злоупотребени граѓани.

          Долга е листата на обичните смртници кои  во текот на животот биле употребени и злоупотребени од разни структури и сомнителни лица.

           Во голем број случаи граѓаните биле употребени и злоупотребени од своите пријатели, другари, соседи, соработници, деловни партнери… па дури и од најблиските.

          Но најчесто граѓаните на оваа напатена држава биле (зло)употребени од властите, кои сметајќи на нивното кусо паметење и вродена мана да забораваат и проштеваат  ја  добивале или губеле нивните доверба.

          Својата употреба, или злоупотреба, граѓаните во сите изминати децении од македонската независност, а и пред тоа, доста скапо ја платиле. Многумина дури  и со живот.

            Но иако подоцна, откако ќе сфател  дека е употребен и злоупотребен,  обичниот смртник немало  кому да се пожали и поплачи, и најчесто  бил советуван дека секоја навиност и грешка во животот  се плаќа и тој мора сам да си ги сноси последиците.

          Таквата реалност во најголем број случаи ги принуди граѓаните кога биле (зло)употребени,  да молчат и трпат, и сами да си ги плаќаат последиците  од грешките.

          Деновиве сме сведоци како многумина политичари во Македонија, министри, пратеници, функционери… се жалат како биле употребени и злоупотребени од “Риалити играчот” и шоуменот, Боки 13.

          Откако ги слушаме деновиве лентите на Италјанскиот весник “Ла Верита “каде Боки 13 изигрува  специјален медијатор на Катица, кој заедно со неговиот ортак Кичеец, прави  “хуманитарен обид “ за неколку  милиони евра, да го ослободи од затвор   Орце Камчев, сите се жалат дека биле употребени и злоупотребени од  него.

          На злоупотребите на Боки 13 се жали специјалната обвинителка Катица Јанева, потоа обвинителката Лиле Стефанова,бизнисмени,  разни министри, пратеници, хуманитарци, пензионери, а на (зло)употреба  од страна на Боки , деновиве се пожали и премиерот Зоран  Заев.

           Премиерот Заев  во својата реакција по слушањето на лентите  од весникот  “ Ла Верита “  реагира дека првоосмничениот во случајот „Рекет” Бојан Јовановски  го (зло)употребил неговото име со цел, како што вели, да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник, односно Орце Камчев.

Поопширно во печатеното издание на утрешниот број на Битолски весник,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!