Home / Култура / Уште две недели до Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“

Уште две недели до Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“

Уште нецели две недели не делат од најновото издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ во Битола. Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 13 септември, а и годинава, според најавите на организаторите, истакнати имиња од светската филмска индустрија, ќе бидат гости во Битола.
Светскиот филмски великан и двократен оскаровец Крис Менџис е годинашниот добитник на прстижната Златна камера 300 за животно дело на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки”.
-Оскаровецот Менџис е жива легенда во светската конематографија и има фасцинантна кариера со преку 60 филмски остварувања на кои бил директор на фотографија и на пет филма каде се јавува како режисер. Во неговите филмови главни звезди биле холивудските актери Џек Николсон, Колин Фарел, Кејт Винслет и многу други- истакна директорката на “Браќа Манаки”, Лабина Митевска која изрази голема благодарност за Министерството за култура, Општина Битола и Филмскиот фонд со чија поддршка Манаки го доби високото реноме не само на Балканот туку и пошироко.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески посочи дека Филмскиот фестивал “Браќа Манаки” кој повеќе од три и пол децении опстојува и е центар на внимание за сите културни работиници, во голем дел ја афирмира Битола и Македонија од секој аспект во целиот свет.

Б.В.

Фото С.Ристевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*