Home / Вести / Уште една затворска казна за Никола Груевски

Уште една затворска казна за Никола Груевски

Една година и шест месеци затвор за експремиерот Никола Груевски за предметот „Насилство во Центар“, пресуди денеска Кривичниот суд. На Груевски му се судеше во отсуство, со оглед дека е во Будимпешта.

Условна казна доби второобвинетиот Миле Јанакиески. Условна казна добија и останатите обвинети.

Пресудата беше изречена во Кривичен суд, при што судијата ги прогласи обвинетите за виновни.

Случајот беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи рушење на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*