Home / Вести / Уште седум дена за гласање

Уште седум дена за гласање

                  

          До заклучувањето на списокот на кандидатите за годинашните признанија на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчни   “ за 2020 година остануваат само уште седум дена.

          На 10 март се заклучува списокот на кандидатите за признанијата.

          Потоа останува да се одреди датумот и начинот на кој ќе бидат прогласени најуспешните битолчани за минатата година, кои со своите резултати ја афирмираа Битола, но се афирмираа и себеси.

          Поради пандемијата со корона вирусот веќе втора година по ред  Изборот на најуспешните  не може да се одржи во својот традиционален термин, последниот петок во февруари.

          Минатата година поради коронавирусот,  Манифестацијата која требаше да се одржи во  ресторанот  ” Вавилон ” признанијата беа доделени во Центарот за култура по сите здравствени протоколи.

          Како и каде ќе се одржи завршниот дел од годинашната манифестација  ќе зависи  пред се од тоа како ќе се  одвива  пандемијата.

          Но без разлика на се, Битолски весник кој е верен на традицијата,ќе направи се  Изборот да се одржи и оваа Манифестација да остане и опстане, бидејќи е вистински бренд на Битола.

          Ќе бидат прогласени најдобрите во областа на стопанството, образованието, здравството, науката, бизнисот, занаетчиството, банкарството, новинратсвото, естрадата, културата, спортот…

 За тоа време вие можете да гласате на нашите гласачки купони  и мејл адресата до 10 март.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*