Don't Miss
Home / Економија / Успешни параметри во работењето на ЈП “Стрежево“ Битола

Успешни параметри во работењето на ЈП “Стрежево“ Битола

Во октомври вообичаено јавното претпријатие “Стрежево“ ги сумира резултатите во водостопанската дејност, а во исто време почнуваат со конзервирање на системот и заради врнежливото време минатиот месец порано се почна со таа дејност. Од Јавното претпријатие на прес-конференција, денеска  информираа за билансот за оваа 2014 година.
-Оваа година склучивме договор со земјоделците за наводнување на пет илјади петстотини и дваесет хектари површина, во споредба со претходниот период тоа е за 15 % поголема површина во однос на минатата 2013 година, кога имаше договор за 4 илјади и 800 хектари. Во однос на потрошувачката на вода, оваа година, највисока кота на езерото имавме 67,2 милиони метри кубни вода, а крајот на сезоната ја завршивме со 43,1 мил. метри кубни вода. Земајќи предвид дека во оваа количина на вода е влезена и количината на вода што ја дистрибуиравме до ЈП “Водовод“ и до индустријата и вклучувајќи го и РЕК “Битола“ тоа  значи успешна година и економично  трошење на  водата, како што е политиката на нашето претпријатие за рационално користење на водата- информираше генералниот директор на ЈП “Стрежево“, Марјан Ѓероски.
Во споредба со 2013 година, највисока кота на Езерото беше 105,7 мил. метри кубни а сезоната се заврши 40 мил. метри кубни што значи минатата година се потрошија 65 мил метри кубни вода. Годинава се намалени и дефектите на мрежата и пријавите на штети.
– Ако годинава имавме 139 дефекти на мрежата во сезоната за наводнување, во 2013 година тој број беше 218 дефекти. Оваа година имавме 68 пријави на штети, а минатата 110 пријави на штети. Во однос на количините на вода од дождовите, оваа година имаат над 400 литри на метар квадратен, а 2013 тоа беа 140 литри на метар квадратен- посочи првиот човек на ЈП“Стрежево“, Марјан Ѓероски.
Во делот на инвестициите во системот, обновување на мрежата и осовременување, оваа година за првпат по изградбата на системот Стрежево, се вложуваат 2 милиони евра за 2014 година, а моментно течи тендерска постапка за набавка матријали и веќе од следниот месец ноември ќе почнат дел од активностите за реконструкција на мрежата.
– Ова е година успешна, во делот на наводнувањето, и врнежите беа во прилог во Пелагонија и на јавното претпријатие “Стрежево“- е генералната оценка на раководството на јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола.
В.М.Мл

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*