Home / Вести / Успешно завршен ремонтот на “Битола 3“

Успешно завршен ремонтот на “Битола 3“

Ремонтните активности на „Битола 3“ завршија успешно. По успешниот ремонт, во текот на денот почнуваат пуштачките операции на блокот, по што „Битола 3“ ќе биде ставен во функција и синхронизиран со електро-енергетскиот систем на земјата.

Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен „Блок 1“ на кого ќе бидат извршени сервисно-санациони зафати за подобрување на производствените перформанси.

РЕК „Битола“ ќе го продолжи производството на електрична енергија од „Битола 2“ и „Битола 3“, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија, се вели во соопштението на АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!